Оскар е мачорот кој ги загубил задните шепи во несреќен случај на фарма. Но, благодарение на новата техника на Ноел Фицпатрик, ветеринар-невроортопед, Оскар ќе може нормално да го продолжи својот живот, како бионички мачор.
Кога Оскар ги загубил шепите, се чинело дека за да функционира и понатаму, ќе мора да се служи со оние гломазни направи со огромни тркала за животни со оштетени екстремитети. Но, Ноел Фицпатрик, ветеринарот-невроортопед од Сури, Англија, успеал да му вметне коскени импланти кои ќе можат да ја држат неговата тежина, овозможувајќи му нормално да се движи и да функционира. Така настана првиот бионички мачор.
Специјално изработените метални протези се директно прикачени во зглобовите од задните нозе на Оскар, а околу нив се зараснати кожата и крзното, елеминирајќи ја можноста од инфекции. (Иако можеби протезите и името ве асоцираат на Оскар Писториус, сепак се работи за чиста случајност. Двата случаи се апсолутно неповрзани.)
[British Amputee Cat First to Get Bone-Grafted Exoprosthetic Paws]