SONY ја претстави на светот својата најнова HD камкордер камера – NEX-VG10, со внатрешно менувачки леќи. Одлична како и за аматери (барем оние кои можат да си ја дозволат), така и за професионалци.
SONY ја претстави на светот својата најнова HD камкордер камера – NEX-VG10, со внатрешно менувачки леќи. Одлична како и за аматери (барем оние кои можат да си ја дозволат), така и за професионалци.
Најновиот HD камкордер од SONY има внатрешно менувачки леќи – а нивната функционалност можете да ја видите на видеово, каде што се снимани преубавите моменти од Бали. Леќите овозможуваат длабока длабочина, кристално јасна слика, како и автоматски ставање на субјект во фокус и надвор од фокус.
Овој камкордер ги има ExmorTM APS HD CMOS сензорите, кои ги има само во моделите „NEX-5“ и „NEX-3“ и се 19.5 поголеми отколку оние кои можете да ги најдете во стандардните камкордери. Исто така има и BIONZTM процесор, кој овозможува да снимате со полно 1920×1080/60i high definition видео до 24Mbps за вистински Blu-ray квалитет.
Би чинел околу 2000 долари.