Во 1872 година англискиот фотограф Едвард Мајбриџ направил снимки од првиот бакнеж што некогаш бил снимен, пишува Daily Mail. Бакнежот е меѓу две жени и овековечен во периодот меѓу 1872 и 1885 година пред да постои филмската камера и снимките се направени од повеќе фотоапарати.
Поради тогашните општествени норми бакнежот не можел да се случи меѓу маж и жена, со оглед на фактот дека Едвард сакал неговите модели да бидат голи.
„Иако Викторијанците немал голема сексуална слобода, според модерните стандарди, а хомосексуалноста ја сметале за сериозна закана на општеството, верувале дека жените немаат сексуален набој“, пишува во онлајн архивата на Мајбриџ.
Во седумдесеттите години на 19 век деталите на движење на објектите биле целосно непознати. Токму затоа и овој фотограф сметал дека моделите треба да бидат голи со цел гледачите да можат јасно да го видат движењето на телата во серија фотографии.