Првиот аеродром на соларна енергија

Меѓународниот аеродром Кочи во Индија, стана првиот аеродром во светот, чие што напојување целосно ќе биде на соларна енергија.

За целта се инсталирани 46 150 соларни панели, кои произведуваат меѓу 50 000 до 60 000 единици електрична енергија за секојдневна употреба. Аеродромот го инсталираше својот прв соларен панел на терминалот за патници во 2013 година. Денес, на повеќето од неговите покриви има панели, како и 45 хектари простор од неговите товарни простории.

1(1412)

Системот не само што заштедува енергија и ги намалува трошоците на аеродромот, туку и му дава импресивен изглед. Во следните 25 години, аеродромот ќе заштеди на животна средина 300 000 метри кубни по тон, емисии на јаглерод диоксид преку преминот од јаглен кон соларна енергија. Тоа е еквивалент на садење на 3 милиони дрвја. Иницијативата на аеродромот во Индија беше поздравена од светот, како пример на кои што треба да се угледаат сите земји со цел да бидат енергетски-ефикасни.

2(1453)

- Реклама -