Први YouTube награди: Прогласен феномен на годината

Во Њујорк вчера вечер беа одржани првите YouTube награди.

Доделувањето на првите YouTube награди го водеа актерот Џејсон Шварцман и музичарот Реџи Вотс.

eminem

На доделувањето на музичките награди настапија и познати музичари како што се Еминем, Лејди Гага и М.И.А. Наградата Уметник на годината ја доби Еминем, додека Тејлор Свифт за песната „I Knew You Were Trobule“ ја доби наградата за YouTube феномен на годината.

[youtube]http://youtu.be/hP0r3bzdj9k[/youtube]

Престижната награда за Видео на годината ја доби женската група од Јужна Кореја „Girls Generation“ за песната „I Got A Boy“, додека наградата во категоријата Иновација на годината ја доби корисникот под име DeStorm Power кој на YouTube има 250 видеа прегледани преку 200 милиони пати.

[youtube]http://youtu.be/WC9N30JPvzM[/youtube]

Иако беше меѓу номинираните, Psy со неговиот „Gangnam Style“ не освои награда како што очекуваа многумина.

Наградите беа доделени врз основа на тоа колку луѓе гласале за некој изведувач, но и колку прегледи имаат нивните спотови на YouTube како и колку претплатници има нивниот канал.

Лејди Гага
Лејди Гага

Доделувањето на наградите во живо го гледале само 220 000 луѓе, иако од YouTube се надеваат дека бројката значително ќе се зголеми.

- Реклама -