Во Њујорк вчера вечер беа одржани првите YouTube награди.
Доделувањето на првите YouTube награди го водеа актерот Џејсон Шварцман и музичарот Реџи Вотс.
На доделувањето на музичките награди настапија и познати музичари како што се Еминем, Лејди Гага и М.И.А. Наградата Уметник на годината ја доби Еминем, додека Тејлор Свифт за песната „I Knew You Were Trobule“ ја доби наградата за YouTube феномен на годината.
[youtube]http://youtu.be/hP0r3bzdj9k[/youtube]
Престижната награда за Видео на годината ја доби женската група од Јужна Кореја „Girls Generation“ за песната „I Got A Boy“, додека наградата во категоријата Иновација на годината ја доби корисникот под име DeStorm Power кој на YouTube има 250 видеа прегледани преку 200 милиони пати.
[youtube]http://youtu.be/WC9N30JPvzM[/youtube]
Иако беше меѓу номинираните, Psy со неговиот „Gangnam Style“ не освои награда како што очекуваа многумина.
Наградите беа доделени врз основа на тоа колку луѓе гласале за некој изведувач, но и колку прегледи имаат нивните спотови на YouTube како и колку претплатници има нивниот канал.
Доделувањето на наградите во живо го гледале само 220 000 луѓе, иако од YouTube се надеваат дека бројката значително ќе се зголеми.