Првата телевизиска дебата меѓу Камала Харис и Доналд Трамп ќе се одржи на 10 септември

Претходно, на прес-конференција во Флорида, Трамп предложи да се одржат три дебати со Харис во текот на септември

Камала Харис – демократска кандидатка за претседател на САД / фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Камала Харис и Доналд Трамп, демократската и републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД, ќе одржат телевизиска дебата на 10 септември на телевизијата ABC, потврди овој медиум, пренесе Н1.

„Потпретседателот Харис и поранешниот претседател Трамп ни потврдија дека ќе учествуваат во дебатата на ABC“,

објави телевизијата.

Претходно вчера, на прес-конференција во Флорида, Трамп предложи да се одржат три дебати со Харис во текот на септември.

Доналд Трамп – републикански кандидат за претседател на САД / фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Трамп го закажа тој датум за втора дебата со актуелниот претседател Џо Бајден, кој се повлече од трката за втор мандат.

Камала Харис е актуелна америсканска потпретседателка која официјално стана претседателска кандидатка на Демократската партија на 5 август, по онлајн гласањето на Демократскиот национален комитет. Таа е првата Афроамериканка и жена со јужноазиско потекло од поголема партија која влегува во кампања за Белата куќа.

Лошиот настап на актуелниот претседател на САД, Џо бајден во дебатата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во јуни беше причината за нејзиното номинирање за претседателска кандидатка. Настапот на Бајден ја разниша довербата на неговите поддржувачи во неговите можности за реизбор за втор мандат и поттикна внатрепартиско несогласување околу тоа дали тој треба да остане во трката.

Штом Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка, Харис и нејзиниот тим почнаа да работат за да ја добијат поддршката од партиските делегати, неопходна за номинација на онлајн партиското гласање.

- Реклама -