Првата песна на Кајмакоски по победата на X factor

Првата песна на Македонецот Даниел Кајмакоски по победата на регионалното музичко шоу X Factor e дует со неговиот ментор од шоуто Жељко Јоксимовиќ.
Музиката, аранжманот и продукцијата се на Јоксимовиќ, текстот на Драган Брајевиќ Браја и Фахрудин Пецикоза, а македонскиот препев е на Магдалена Ена Цветковска. Песната е снимена во студиото на Жељко, „Минакорд“.

Најавено е наскоро и објавување на видео записот, а во меѓувреме слушнете ја песната.

- Реклама -