Остана помалку од недела дена до официјалното претставување на Galaxy S6, но „закачките“ за него не запираат .
Сега имаме нови слики на следниот предводник на Samsung, можеби најдобрите до овој момент, кои овој пат доаѓаат од главниот извршен директор на T-Mobile. Тој на својот профил на Twitter потврди дека компанијата ќе го нуди „следното големо нешто”, но поинтересно е тоа што на фотографијата јасно се гледа извитканиот приказ на smartphone.
Директорот не откри детали за Galaxy S6, но функцијата на социјалната мрежа ни овозможува подетално да го разгледаме дизајнот на #TheNextGalaxy. Од напред, тој доста личи на Note Edge, но овој пат корејската компанија во обложи на заоблена форма од двете страни на екранот, а изборот на метал докажува дека оваа недела ќе видиме еден навистина одличен уред, од кој што конкуренцијата треба да се пази.
Galaxy S6 ќе биде претставен официјално на 1 март на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, каде ќе ги дознаеме сите детали за т.н. “Project Zero”.
За крај, потсетуваме на видеото објавено пред некој ден, од страна на корејскиот гигант, во кое повторно се потврдува дека долго очекуваниот предводник ќе биде направен од метал. Во него, исто така, се вели дека смартфонот ќе биде убав, ќе биде елегантен и моќен. Од новиот клип разбираме дека „границите ќе исчезнат”, со што Samsung сугерира дека следниот Galaxy ќе биде со закривен дисплеј.