Првата филмска верзија на познатата приказна на Луис Керол неодамна беше реставрирана од страна на BFI Националната архива. Со вкупно времетраење од само 12 минути (од кои преживеаа само 8), „Алиса во Земјата на чудата“ бил најдолгиот филм во Англија во тоа време. Филмските архивисти успеаа да ги вратат оригиналните бои на филмот за прв пат после 100 години. Погледнете ја реставрираната 8 минутна екранизација на Алиса во земјата на чудата од 1903 година.
Првата филмска верзија на познатата приказна на Луис Керол неодамна беше реставрирана од страна на BFI Националната архива. Со вкупно времетраење од само 12 минути (од кои преживеаа само 8), Алиса во Земјата на чудата бил најдолгиот филм во Англија во тоа време. Филмските архивисти успеаа да ги вратат оригиналните бои на филмот за прв пат после 100 години. Погледнете ја реставрираната 8 минутна екранизација на „Алиса во земјата на чудата“ од 1903 година.
Направена само 37 години отакако Луис Керол ја напиша книгата и осум години после раѓањето на киното, адаптацијата е режирана од Cecil Hepworth и Percy Stow, а се базира на оригиналните илустрации на Sir John Tenniel.
[Alice in Wonderland restoration]