Прва заедничка фотографија на српската тенисерка и Швајнштајгер

Ана Ивановиќ и Бастиан Швајнштајгер заедно заминале на романтичен одмор во Австалија за да се одморат од работните обврски, и да го прослават Божиќ и Новата година.
Иако долго време ја криеле својата љубов од медиумите, еден од патниците од авионот посакал да се фотографира со нив и така ги открил плановите на овој спортски пар. Сепак, Ана и Бастиан се насмеани и расположени, па се чини дека во нивната љубов секој ден се повеќе уживаат.

Screenshot_6

Ана и Бастиан неодамна престојувале во Белград, каде го прославиле роденденот на Ана, но вешто се обидувале да ги избегнат папараците. Сега се чини дека одлучиле повеќе да не ја кријат својата љубов и секој слободен момент го користат во заедничко дружење…

- Реклама -