Еден од најретките видови носорози во светот за првпат е снимен на филм
на островот Борнео, соопштија претставници на организацијата за заштита
на дивиот свет кои ги прикажаа снимките од носорогот како јаде, шета и
ја душка камерата.
Еден од најретките видови носорози во светот за првпат е снимен на филм на островот Борнео, соопштија претставници на организацијата за заштита на дивиот свет кои ги прикажаа снимките од носорогот како јаде, шета и ја душка камерата.
Малезиските претставници од организацијата за глобална конзервација Светскиот фонд за природа (ВВФ) изјавија дека двеминутната снимка, направена пред две години со камера што била скришно поставена во џунглата, е првата што го фатила однесувањето на повлечениот дворог борнејски носорог во дивината.
Постојат меѓу 25 и 50 носорози во густите џунгли во центарот на малезиската држава Саба на Борнео, и тие живеат толку повлечено така што првата фотографија од животното била снимена дури минатата година, велат од ВВФ.
"Тие се толку ретки што е тешко да ги снимите дури и на видео", вели Мајк Чонг, водач на тимот вклучен во проектот за заштита на носорогот во Малезија. "Кога ќе имаме повеќе снимки, ќе може подетално да ги проучиме".
{youtube}jIxW3Ns87q8{/youtube}
На снимката може да се види крупното животно како јаде меѓу грмушки, и дише бучно додека се доближува до камерата толку близу што гледачите може да ми ги видат очите и долгиот преден рог и да ги препознаат влакненцата на неговата брада и брчките на вратот.
Освен забележувањата во Саба, нема потврдени информации за постоењето на носорозите на Борнео речиси 20 години, поради што стручњаците се плашат дека можеби изумреле на остатокот од островот, велат од ВВФ.