Откако објави дека е бремена, Ким Кардашиан во јавноста се појавува во темна и широка облека.
Но, во фотосесија за магазинот „DuJour“ таа позира во бикини. Облечена во дводелен костим за капење и бела марама таа изгледа како вистинска „принцеза од Тахити“, како што гласи и темата на фотосесијата.
Фотографиите се дело на Брус Вебер, а се направени во неговиот дом во Мајами само пет дена откако Кание Вест објави дека неговата девојка е бремена во јануари.
http://youtu.be/bs-1tRpQVqY
Кардашиан открила за магазинот „DuJour“ дека има лесна бременост, без утрински мачнини.
„Отсекогаш велев дека сакам да забременам за да можам да јадам што сакам, но сосема е различно од тоа што си го замислував. Сега сакам да јадам што е можно поздрава храна, рекла старлетата.
Најголем предизвик за Ким бил да се откаже од нејзиниот омилен пијалок – диетална Кока-кола што го заменила со леден чај.