Од друшевините на пост-социјалистичка Југоисточна Европа, една група ентузијасти на поле на уметност и технологија започнаа со нивната мисија: да поставуваат места на мапи, да пробиваат патишта низ непробојни џунгли, да ја зголемуваат работната ефикасност и да ја намалуваат ентропијата во Вселената. Нивната алатка: правење видео игри; нивниот мотив: неограничена страст за играње игри; нивната иновација: игри што те играат а не што ги играш! Уствари, ова последново и не баш. Денес ви претставуваме една интересна група на млади ентузијасти кои стоjат зад името Камаи Медиа и нивниот проект играта: “Сондер “
Сондер е еден од нивните проекти или поточно видео игра во трето лице, акциона авантура што е малку различна: во неа нема главен протагонист, или поточно секој лик е главен протагонист. Обично, споредните ликовите се само „позадина“ за главниот протагонист, и постојат само за да исполнат одредена улога во наративот на протагонистот. Во играта тоа не е случај; играчот е слободен да ја превземe контролата над кој било друг лик и да ја искуси приказната во играта од таа нова гледна точка. Ваквата промена на контрола може да се направи во било кое време и колку било пати во текот на играњето.
Поентата на играта е да покаже дека еден човек суди за она што го перцeпира во зависност од неговата перспектива – постапка која изгледа чуднa, нерационалнa, злонамернa или дури великодушнa или племенитa, може да изгледа сосем поинаку доколку се ставите во позиција каде што вие мора да ја направите. Конечно, играта го поставува прашањето дали било која постапка е по својата природа добра или лоша, или се’ зависи од околностите под кои таа постапка се перцeпира.
Играчот може да влијае на играта на следниве начини:
Да се движи слободно низ просторот низ поглед во Трето лице;
Да разменува дијалог со другите ликови;
Да употребува објекти;
Да употребува машини/компјутери;
Настаните во играта се случуваат во „реално време“, што значи дека тие се случуваат без разлика дали играчот интервенира или соработува со неа.
Името, „сондер“ е збор за прв пат употребен од John Koenig во „Речникот на Затскриени Страдања“ (слободен превод од “The Dictionary of Obscure Sorrows”) и го опишува моментот кога сфаќате дека сите случајни минувачи кои ги сретнувате во животот живеат сопствен живот кој е еднакво комплициран како вашиот. Во нашата игра, сите ликови се реализирани на еднакво сложен начин како и оној кој во моментот го контролирате. Играта можете да jа играте сам или со повеќе играчи. Кога има повеќе играчи, секој од нив одбира различен лик чија улога ќе ја толкува во приказната.
Иако играта во моментот е во алфа-фаза, денес ви го претставуваме првиот неjзин треjлер, па вие решете дали сакате ќе jа пробате кога ќе излезе неjзината финална верзиjа.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk