Пустината Сахара е последното место на кое би очекувале да има снег, со оглед на тоа дека претставува едно од најсувите и најтоплите региони во светот со просечна температура од 30 степени Целзиусови.
Но, во близина на малиот пустински град Аин Сефра, кој се наоѓа во северозападниот дел на Алжир, на околу 350 километри од Средоземното Море, на 20 декември 2016 година црвено песочните дини се обоија бели, како неверојатен крај за оваа навистина неверојатна година исполнета со многу природни феномени.
Фотографот Карим Бучетата сето тоа го снимил и направил прекрасни фотографии кои може да ги погледнете подолу.
Снегот се задржал еден ден и сега веќе е стопен, но сепак ова претставува навистина редок настан.
Колку редок настан е ова говори фактот што последен пат во Сахара е забележано снег во февруари 1979 година – пред 37 години, исто така во Алжир. Тогаш, снегот траел околу 30-тина минути.
Всушност, вклучувајќи го и сегашниот снег, во Сахара досега имало само 2 големи врнежи на снег (според стандардите на пустините). Во 2005 и 2012 година исто така се забележани врнежи на снег, но многу мали.
Извори: Е-наука и Bored Panda