Нешто ново ќе се случува месецов? Конечно настан со нов лик во градот – на 18ти (до 20-ти) март, во Македонската Опера и Балет, започнува првиот до сега Lifestyle event (Fashion & Lifestyle Expo) со намера да понуди 360° поглед кон она што се нарекува животен стил, притоа правејќи приказна раскажана низ повеќе различни аспекти на модерното живеење и славејќи го визионерството во секојдневните одлуки на обичниот човек.
Настанот е наменет за оние кои сакаат да го предизвикуваат обичното, а ветува богата програма на работилници со невообичаена и интересна содржина, врвни изложувачи кои секојдневно нудат повеќе од обичен производ – нудат визија, инспирација, идентитет.
Навечер ќе славиме во име на добриот вкус, убавината, животот и љубовта со впечатливи перформаси и познати DJ-и.
„Главната цел ни е да створиме атмосфера каде посетителите ќе можат да поминат низ различни катчиња со посебна енергија и да го почувствуваат оној wow-ефект кога ќе дојдат во допир со нешта кои се сѐ само не вообичаени; да се запознаат со највпечатливи личности од сите области преку кои свесно или несвесно градиме наш животен стил, имиџ, идентитет. Fashion & Lifestyle Expo е место да запознаете луѓе, да се инспирирате, да предлагате ваши идеи. Ова е едно место кое не е наменето за оние кои сакаат рутина. Наменето е за они кои сакаат да ги „размрдаат“ нештата и да направат промена. За сите оние кои бараат нови и нови начини за себе-изразување.“ – велат од организацијата на настанот.
На настанот ќе учествуваат внимателно одбрани, врвни брендови кои своите производи ќе ги изложат во една несекојдневна атмосфера. Посетителите ќе бидат први кои ќе дознаат за последните новитети во областта на модата, дизајнот, технологијата – сѐ она што придонесува кон градење на животниот стил.
Не го пропуштајте овој тридневен спектакл, кој ветува одлична забава. „Следете ја Facebook фан страницата на настанот каде од денес па натаму секојдневно ќе објавуваме по две работилници во кои можете да се приклучите!“ Повеќе детали за како да се вклучите во презентациите и програмата дознајте на www.momentum.mk.