Можеме да кажеме дека Vine видеата имаат времетраење од шест секунди, но од Airbnb споија заедно сто такви и од нив направија приказна. Во испрекината варијанта и со инспиративна музика во позадина, изгледа доста добро.
Под наслов Hollywood and Vines, Airbnb понуди 100 американски долари на секого, чие Vine видео ќе биде искористено во филмот. Тие добиле преку 750 материјали и го создале својот финален производ во траење од нешто повеќе од четири минути за хартиени авиони, писма, отпадна хартија и соништа.
[youtube]http://youtu.be/laCLVzWpS0I[/youtube]
Иако направиле одлична работа, сепак ова ниту малку не се споредува со компилацијата од најсмешните Vine видеа која можете да ја погледнете подолу.
[youtube]http://youtu.be/HHyi2IiT-Ls[/youtube]
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk