Прстен од црни дупки

галаксииНа прв поглед оваа слика изгледа како прстен од скапоцени камења во вселената. Но, според податоците од НАСА, се работи за прстен од црни дупки во Arp 147, две галаксии кои се допираат на 430 милиони светлосни години од Земјата. Оваа слика е композит од податоци собрани од обсерваторијата Чандра и Вселенскиот Телескоп Хабл.

Информациите од Чандра, сателит кој детектира рендгенски зраци, се прикажани со розова боја додека оптичките информации од Хабл се прикажани со црвена, зелена и сина. Arp 147 содржи остатоци од спирална галаксија, видливи во десниот дел од сликата, која се судрила елиптичната галаксија видлива во левиот дел од сликата. Овој судир создал бран од ѕвездени формации кој се шири и е видлив како син прстен кој содржи голем број млади ѕвезди. Овие ѕвезди имаат забрзана еволуција од само неколку милиони години по што експлодираат како супернови, и зад себе оставаат неутронски ѕвезди и црни дупки.
галаксииДел од неутронските ѕвезди и црните дупки имаат ѕвезди придружници и стануваат силни извори на рендгенски зраци додека привлекуваат материја од придружникот. Деветте извори на рендгенски зраци распоредени околу прстенот во Arp 147 се толку силни што мора да се црни дупки, со маси десет до дваесет пати поголеми од Сонцето. Извор на рендгенски зраци бил откриен и во јадрото на црвената галаксија кој би можел да биде слаба супер-масивна црна дупка. Овој извор не е очигледен во композитната слика, но е јасно видлив на рендгенската слика.

Видливи се и други тела кои се неповрзани со Arp 147. Инфрацрвена обзервација од Вселенскиот Телескоп Спицер и ултравиолетова обзервација од Галакси Еволушн Експлорер овозможиле проценки на брзината со која се формираат ѕвезди во прстенот. Овие проценки, во комбинација со модели за еволуцијата на бинарни ѕвезди, им дозволиле на научниците да заклучат дека најинтезивната формација на ѕвезди била пред околу 15 милиони години. [Arp 147: Nasa image shows giant ring of black holes created by two interacting galaxies]

- Реклама -