На многумина им се случило барем еднаш да доживеат нешто како телепатија или видовитост. Погледнете шест знаци по кои би можеле да препознаете дали станува збор за паранормални способности 🙂
Предчувствувате дека некој ќе ве бара на телефон
Тоа важи само во случај ако се работи за личност со која одамна не сте се слушнале. Особено ако слична ситуација ви се случува постојано.
Чувствувате кога вашето дете, или некој кој ви е близок е во неволја
Овде не станува збор за грижата која што родителите ја имаат за своите деца, туку за силното чувство дека нешто лошо се случува, кое подоцна се покажува како точно. Вакви случаи се забележани меѓу родители и деца, сопружници, роднини и нормално близнаци.
Место на кое никогаш не сте биле ви е сосема познато
Ако ви се случува да дојдете во куќа во која никогаш претходно не сте биле, а се ви изгледа познато, дури и ситни детали како да знаете што каде се наоѓа. Можеби сте видовити.
Имате сонови кои се исполнуваат
Ако често сонувате сонови за вас и блиските луѓе, па дури и за светот, кои се остваруваат тоа би можело да е уште еден доказ. Видовитите сонови, се наводно поинакви од обичните. Тие се луцидни, детални и убедливи.
Допирот е доволен да почувствувате и да дознаете детали за личноста
Веќе по ракувањето со непозната личност, знаете некои детали за неа, како на пример, каква е и што прави, а ви се случува и кога ќе допрете некој предмет да знаете чиј е, како и неговото минато? Ова е веќе знак.
Редовно им говорите на своите пријатели што ќе се случи и навистина се случува
Кога добро познавате некоја личност и нејзините навики, не е некое чудо ако видите што би можело да и се случи. Но, се случува и да имате силно чувство дека нешто сосема неочекувано ќе задрма блиска личност и тоа навистина да е така.