Провалил во црква, ги украл парите за доброволни прилози

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето Б.П (29) од Скопје поради основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“ предвидено и казниво согласно член 236 од КЗ на РМ, се вели во Билтенот на МВР.

Имено, пријавениот кривичното дело го извршил завчера (28.07.) околу 00,30 часот во црквата „Св. Петар и Павле“, лоцирана во с. Горно Лисиче, каде што со употреба на физичка сила, насилно го отворил задниот прозор, влегол внатре, и од сандачињата за доброволни прилози во црквата одзел околу 3.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

По преземените оперативни мерки утврден е идентитетот на сторителот – Б.П. којшто инаку е познат сторител на имотни деликти на подрачјето на Кисела Вода, за што досега осумпати е кривично пријавуван.

Вчера Б.П. е пронајден и лишен од слобода во ПС ОН Кисела Вода, каде со истиот е извршен разговор, при што во целост го признал делото и го појаснил начинот на кој што го извршил.

- Реклама -