Со црвени чадори сексуалните работници од земјата излегоа на протест.
Се претпоставува дека бројката на „најстарите занаетчии“ во земјава изнесува 3 до 4.000 лица кои секојдневно се изложени на неизвесни судбини и насилство поради тоа што се занимаваат со законски нерегулирана дејност.
Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР во Скопје се приклучи по осми пат кон Глобалната акција да се сопре насилството врз сексуалните работнички.
Според истражувањата сексуалните работнички трпат насилства и малтретирање од страна најмногу на клиентите, потоа на полицијата и семејството.
Посебно загрижувачка е праксата на неказнување на сторителите на насилството, а од интервјуираните сексуални работници се потврдуваат случаите кога пријавиле насилството, полицијата не постапила согласно своите законски овластувања по ваквото пријавување.