Меѓу поважните вести на британските медиуми, деновиве се наоѓа „протечен“ документ од Британската армија, издаден во 2017-та година. Се работи за водич испратен до високите британски офицери, кој има за цел да им помогне да ги идентификуваат потенцијалните знаци на десничарски екcтpeмизам кај војниците.
Документот, наречен „Extreme Right Wing (XRW) Indicators & Warnings“, предизвика големо внимание поради некои од „cимптомите“. На пример, според упатството, потенцијален екcтpeмиcт сте ако: се самодекларирате како „патриот“, ако ја додавате наставката „-истан“ на имињата на британски локации (на пример, Лондон го викате Лондонистан), ако противниците ги нарекувате „пpeдавници“, ако сте лути поради „перцепираните неправди кон националниот идентитет“, ако генерализирате кога зборувате за муслиманите и Евреите, ако политичката коректност ја сметате за левичарска или комунистичка завера, ако правите „неточни генерализации за левицата или Владата“, ако мултикултурните градови ги опишувате како „изгубени“, ако оние што се противат на вашите политички гледишта ги нарекувате „индоктринирани“ (или испрани мозоци), ако додавате колеги од Армијата во затворени групи на друштвените мрежи…
Од Британската армија за MailOnline потврдија дека документот е легитимен. Бил издаден кон крајот на 2017-та, откако четворица војници биле yaпceни поради поврзаност со „National Action“ – која се смета за крајнодесничарска неонацистичка тepopистичка организација.
Се разбира, документот не значи дека исполнување на барем еден од условите по автоматизам ве прави екcтpeмист. Тоа го потврдува и претставник од британското Министерство за одбрана. „Пројавувањето на една или две од наведените точки во никој случај не значи дека некој е екcтpeмист. Документот не сугерира дека сите патриоти се екcтpeмисти“, вели тој, додавајќи: „Вредностите на нашите вооpyжени сили и нацијата на која ѝ служат се целосно некомпатибилни со екcтpeмистичките сфаќања. Имаме строги мерки за да се осигураме дека на тие што имаат такви сфаќања нема да им биде дозволено да служат во Армијата“.
Сепак, како што саркастично констатира MailOnline, засега нема ништо што би сугерирало постоење на слично упатство што би помогнално во откривање на оние од другата страна – крајнолевичарски екcтpeмисти или иcлaмиcти во редовите на Британската армија. Оттаму, многу Британци и експерти оценуваат дека документот претставува само уште една манифестација на претераната политичка коректност во Британската армија (и целото британско општество).
Во прилог на тоа оди и тоа што Британската армија и другпат имала излети во слични спорни води. Лани, на пример, објави реклама (тука) наменета за потенцијалните нови регрути, во која група британски војници прават пауза за молкум да го почекаат нивниот колега муслиман да обави молитва. За да не го попречуваат, во еден момент дури ја прекинуваат и радио комуникацијата – што многумина го оценија како доста ризично сценарио, кога би се одвивало во реалноста.
Одредени британски полковници, како Ричард Кемп, кој ги предводел британските сили во Авганистан, вели дека новата кампања покажува дека Армијата „присилно оди по патот на политичката коpeктност“, притоа „занемарувајќи ја главната група луѓе кои се заинтересирани да се придружат во Армијата“.