Група проститутки од Рио де Жанеиро, Бразил, лансираа сопствен моден
бренд што го нарекоа „Даспу“, пренесуваат локалните медиуми. Целта им е
да си обезбедат редовни приходи и да го запознаат светот со своето
гледање на модата.
Група проститутки од Рио де Жанеиро, Бразил, лансираа сопствен моден бренд што го нарекоа „Даспу“, пренесуваат локалните медиуми. Целта им е да си обезбедат редовни приходи и да го запознаат светот со своето гледање на модата.
Исто така тие сакаат преку својата модна линија да дадат свој придонес во борбата против дискриминацијата на која се изложени поради професијата со која се занимаваат.
Проститутките од плоштадот Тирадентес имаат меѓу 30 и 65 години, а покрај дизајнирањето облека, ќе работат и како манекенки.
– Помладите, кои се' уште работат на улиците, ќе имаат дополнителни приходи бидејќи ќе работат како манекенки на модните ревии. За постарите, единствен извор на заработка ќе биде креирањето, изработката и продажбата на моделите со нашиот заштитен бренд – вели Габриела Лејт (53), идејниот творец на проектот.