Ти доаѓа со „те молам дај ми некој денар за леб“, а ти како од пушка враќаш со провереното „види, стварно, јас би ти дал, ама немам ситно“. И таман мислиш дека си се спасил, ти враќа со „нема проблем“ и ти покажува код за да го скенираш со смартфонот. И сега, што ќе правиш? „Немам мобилен“ автоматски отпаѓа.
Да не биде дека лажеме, рандом странец на интернет што тврди дека го знае јазиков (би требало да е кинески), вика дека луѓево во видеово не бараат пари, туку да им направиш subscribe на онлајн профил на некоја од нивните социјални мрежи. Некои од тие социјални мрежи им плаќаат одредени суми, во зависност од бројот на subscriber-и… што е подеднакво депресивно, само од друг аспект.