Прошетка низ сите ќошиња во Дизниленд – разбудете го детето во себе

Дизниленд е најпосетената дестинација во Париз, надминувајќи ја  дури  и Ајфеловата кула по популарност.

Ве каниме на една виртуелна тура низ местото каде бајките стануваат реалност.

Паркот е создаден така што ќе ве натера да заборавите дека постои друг свет. Размислен е буквално  секој детал – од зградите и зелените површини,  дури до работниот персонал. Фокусот се разбира е врз децата, но и возрасните не се заборавени.

Дисниленд Париз е разделен на 3 дела – Дисниленд Парк, Дисниленд Студио Парк и Дисниленд село

Дизниленд парк

Ова е прв изграден парк во целиот комплекс. Симбол на овој парк е замокот од „Заспаната убавица”. Дизниленд паркот е целосно посветен на хероите од бајките на Дизни . Самиот Дизниленд парк е поделен на неколку делови. Тука има вкупно 49 различни атракции . Вреди да се прошетате по главната улица и да го разгледате детално целиот парк.

Дизниленд Париз - разбудете детето во себе

Покрај тоа тука има атракција која ќе ве однесе во Дивиот Запад – Frontierland.

Дизниленд Париз - разбудете детето во себе

Во случај да преферирате авантури, поминете некое време на Adventureland. Привлечноста ја создава џунглата, а  атмосферата тука е малку егзотична.

Дизниленд Париз - разбудете детето во себе

Fantasyland е местото за љубителите на бајките. Овде можете да ѕирнете во светот на вашите омилени ликови – Пинокио, Заспаната убавица, Снежана, Алиса и други.

Discoveryland е посветен на животот на различни истражувачи како Леонардо Да Винчи.

Во секое одделно катче на паркот ќе најдете различни  атракции . Ветуваме дека има за секого по нешто.

Дизниленд Париз - разбудете детето во себе

Дизниленд Студио Парк

Овој дел ги отвори вратите во 2002 година. Тука атракциите се посветени повеќе на различни филмови и херои. Овде ќе најдете атракции за поголеми деца, тинејџери и возрасни .

Овој дел од Дизниленд Париз е помалку популарен и има 2 пати помалку посетители . Поделен е на неколку терени, секој со своја тема и уникатни атракции.

На предната страна тука се претежно продавници за сувенири. Кога ќе влезете ќе ве пречека огромната водна кула со уши на Мики Маус и фонтаната Фантазија – еден од симболите на Дизниленд Париз . Овој дел од паркот е посветен на Браќа Лимиер – основоположниците на киното.

Дизниленд Париз - разбудете детето во себе

Toon студиото е друг дел од паркот. Овој терен е посветен главно на ликови од цртаните филмови на Дизни и PIXAR. Тука ќе најдете најразлични мали и поголеми атракции, инспирирани од цртани филмски херои .

Третиот терен се вика Production Courtyard. Овој дел е поврзан со холивудски филмови. Тука се наоѓаат едни од најпопуларните атракции.

Последниот терен е посветен целосно на процесот на правење на филмовите и она што се случува зад камерата. Овој дел е најмалку популарен од целиот парк.

Disni Село (Дизни Село)

Ова е дел одвоен специјално за одмор, шопинг и јадење. Можете да изберете помеѓу различни тематски установи и ресторани. Но, внимавајте, цените може да ве изненадат непријатно.

Дизниленд Париз - разбудете детето во себе

- Реклама -