Меѓу скапоценостите е и голем сребрен крст, но и низа други предмети изработени од племенети материјали.
Дерек Макленан (47), благодарение на детекторите за метал, пронашол викиншко богатство, старо дури 1.200 години, кое недопрено лежело на дел од земјата на една црква во Шкотска, во Думфрис.
Меѓу скапоценостите нашол и голем сребрен крст, поради чија што вредност Макленан за малку ќе загубел свест, кога сфатил што пронашол. Засега не е соопштено колкава е точната вредност на богатството, но се верува дека се работи за огромна сума.