Научниците ја завршија потрагата по најмирното место на планетава. Истото е пронајдено и се вика Рид А. Се наоѓа на Антарктичкото плато и се смета оти таму, до сега човечка нога нема стапнато. Проверете зошто беше важна оваа потрага…
Научниците ја завршија потрагата по најмирното место на планетава. Истото е пронајдено и се вика Рид А. Се наоѓа на Антарктичкото плато и се смета оти таму, до сега човечка нога нема стапнато. Проверете зошто беше важна оваа потрага…
За да се дојде до заклучокот кое е најмирното место, американските и австралиските научници комбинирале метеоролошки податоци со сателитски снимки и податоците од сите досегашни научни експедиции насекаде по планетава.
Ридот А, најмирното место на Земјата се наоѓа на надморска височина од 4053 метри на Антарктичкото плато. Просечната температура во зима е -70 степени целзиусови, а во атмосферата над тоа место речиси нема вода, ниту пак какви и да е турбуленции и промени на притисокот, што го елиминира постоењето на ветар и сл. воздушни поместувања.
Важноста на ова место е поврзано со астрономските набљудувања. Според астрономите, тоа е совршено место за изградба на опсерваторија, затоа што има минимални атмосферски влијанија, снимките што ќе се добијат од тоа место, ќе бидат почисти отколку од кое да е друго место на планетава. Доколку на Ридот А поставите телескоп со просечна големина, тој ќе извади почиста снимка од некоја ѕвезда, отколку најголемите телескопи на врвовите на планините во Хаваи или Чиле. Ако се изгради голем телескоп на тоа место, тој би можел да му стане конкуренција и на вселенскиот телескоп „Хабл“.
Ридот А се наоѓа на 144 километри од најблиската роботизирана база на Антарктикот и е веќе ставен во плановите за „колонизирање“, со што ефективно ќе престане да биде најмирното место на Земјата.