Денес беше претставено откритието на научниците – фосилни остатоци од најстариот човеков предок, постар и од Луси, досегашниот рекордер со 3,2 милиони години. Тоа што е уште позначајно е дека овие остатоци покажуваат преоден стадиум во развитокот на човечката раса, етапа во еволуцијата што ефективно ѝ кажува збогум на теоријата за „алката која недостасува“.

Фосилите од пронајдениот череп му припаѓаат на вид означен како Ardipithecus ramidus. Најдениот примерок е од женка со мал мозок и релативно ниска телесна тежина од околу 50 килограми. Нејзе ѝ беше даден прекарот Арди.
Арди била пронајдена во Етиопија, во суровата пустина Афар, на локалитетот наречен Арамис, во областа Среден Аваш, на само 74 километри од местото каде што во 1974 година беше пронајдена Луси, припадничка на видот Australophitecus afarensis. Со радиометриско тестирање на вулканските карпи меѓу кои биле заробени фосилите, утврдено е оти нивната старост е преку 4,4 милиони години.
Иако и порано биле пронаоѓано хуманоидни остатоци со старост и до 6 милиони години, никој од нив не открил нешта толку значајни за човечкиот вид колку што откри Арди. Можеби најзначаен е преодниот начин на движење – на 2 нозе на земјата, а на сите 4 кога била на дрва.
Откако антрополозите детално ги обработиле остатоците, утврдено е дека овој вид е една етапа во еволуцијата на човекот кој ефективно може да ѝ каже збогум на теоријата за „алката која недостасува“….