Пронајдена првата бела дупка?

Пронајдена првата бела дупка? Белите дупки се теоретски астрономски феномени, замислени како целосна спротивност на црните дупки. До сега никој не пронашол бела дупка, но научниците сега сметаат дека можеби сме имале доказ за постоење на бела дупка уште пред 5 години.

Во физиката ретко постојат процеси што не можат да течат и во спротивна насока. Па така, кога веќе постојат дупки што проголтуваат материја (црните дупки), тогаш би било логично да постојат и бели дупки, што исфрлаат материја. Нормално, доколку нешто е возможно да постои, не значи дека постои, а белите дупки и онака би биле премногу тешки за пронаоѓање, бидејќи тие би биле премногу нестабилни и нивното постоење би се свело на едвај неколку минути.

Во 2006 година бил забележан сноп од гама зраци, со непознато потекло и необично времетраење – 102 секунди. Обично, сноповите гама зраци настануваат во супер нова експлозиите, но во тој период не била забележана ниту една супер нова. Според тоа, астрофизичарите сега теоризираат дека можеби се работело за бела дупка којашто настанала, кусо време исфрлала материја и потоа била уништена од сопствената тежина, по што дошло до огромна експлозија.

Секако, белата дупка не е единственото објаснување за овој необичен феномен, но исто така и не може да се отфрли веднаш. Доколку пак понатаму се покаже дека уште пред 5 години сме имале докази за постоење на бела дупка, нашето разбираање за универзумот драстично ќе се промени. [Is it possible we’ve found the first white hole?]

- Реклама -