Пронајден недопрен скелет од диносаурус стар 70 милиони години

 

Скелет од бебе диносаурус бил пронајден во Канада, а остатоците се во толкава мерка сочувани што научниците успеале да утврдат од што настрадол истиот.

Малиот диносаурус во моментот на смртта бил стар околу три години и долг едно метро и половина, а по основа на пронајдените остатоци, на кои се сочувани дури и делови од кожата, била реконструирана неговата смрт.

Научниците сметаат дека младенчето се удавило во реката Алберта, во чии што води паднало случајно пред 70 милиони години.

Овој фосил е најмалиот недопрен скелет пронајден до сега, a потекнува од групата диносауруси познати како сератопсиди, во која спаѓа и прочуениот Трисераптос.

- Реклама -