Пронајден меч стар 2.300 години

Кинеските археолози пронајдоа меч за кој се верува дека е стар повеќе од 2.300 години. Исклучителниот артефакт е најден во горбница во Синјанг, во централната кинеска провинција Хенан.

Се смета дека мечот потекнува од времето на Завојуваните држави, т.е. од периодот од 250 години (од 475 п.н.е. до 221 п.н.е.) во кој се случиле бројни жестоки војни меѓу осумте држави на династијата Џоу.

На видеото објавено од Кинеското меѓународно радио (CRI), два милениума стариот меч изгледа остар и сјаен како да е нов, а тоа ги изненадило и археолозите кога го извлекле од футролата.

По комплетирањето на неколкуте претстојни тестови, артефактот веројатно ќе биде изложен во националниот музеј.

https://youtu.be/BrF7TdLk8uc

- Реклама -