Управата за антиквитети на Израел објави фотографија на саркофаг што бил најден при ископувања во пештера во Ерусалим во 1980.
Управата за антиквитети на Израел објави фотографија на саркофаг што бил најден при ископувања во пештера во Ерусалим во 1980.
Во новиот ТВ документарец на оскаровецот Џејмс Камерон синоќа се емитуваше на каналот "Дискавери" е изнесена претпоставката дека при ископувања во Израел пред 27 години биле најдени неколку саркофази во гробница-пештера стара две илјади години и дека во нив се останките на Исус и неговото семејство. Според филмот, на шесте најдени древни ковчези во кои се чувале коски, откриени при ископувањата во Ерусалим, ги има имињата на Исус, Марија и Јосиф. Претпоставката е дека тоа се останките на Светото семејство.
Израелскиот археолог Амос Клонер, под чие водство се воделе ископувањата во гробницата, ги отфрла овие претпоставки.
Discovery: Влезете во гробницата