Во северниот дел на Грција најверојатно е откриен гробот на големиот антички филозоф Аристотел, изјавија археолозите на прес конференција во Солун.
„Постојат сериозни индикации дека сме го нашле неговиот гроб”, рече Костас Сисманидес.
Научниците сметаат дека Аристотел ги поминал последните денови во родниот град Стагира, лоциран во источниот дел на Халкидики, недалеку од градот Олимпија. Се претпоставува дека тој е погребан во Стагира во 322 година п.н.е.
Урната била положена во градба во форма на потковица. Истражувањата и ископувањата во градот почнаа пред 20 години во 1996 година.
Аристотел е еден од најголемите научници во антиката. Тој е роден во 384 година пред Христа во градот Стагира, од каде доаѓа и прекарот Стагирит. Татко му Никомах му е личен лекар на македонскиот цар Аминта. Податоците за животот на Аристотел се оскудни. Тој е учител на Александар Велики. Најпознатите дела на Аристотел се “Физика”, “Метафизика”, “Никомахова етика”, “Политика”, “За душата” и “Поетика”.