Sony Mobile продолжува со лансирање на нови смартфони на домашно тло во Јапонија кои се најава за поширокиот пласман на интернационалните верзии. Најнов во таа низа е смартфонот Sony Xperia A2 кој може да се нарече и мини верзија на Sony Xperia Z2 бидејќи нуди врвен квалитет во средната класа.
Sony Xperia A2 има 4.3 инчен LCD дисплеј со 720p HD резолуција од 1280 х 720 пиксели, работи на четири-јадрениот Qualcomm Snapdgragon 800 процесор од 2.2 GHz, со 2 GB RAM, 8 GB меморија, 21 мегапикселна камера и што е најважно водоотпорен дизајн кој го исполнува IP57 стандардот.
„Малиот“ Sony Xperia A2 на интернационално нивно најверојатно ќе се продава под поинакво име, можеби слично како ланската мини верзија ќе го продолжи насловот Sony Xperia Z2 Compact, a корисниците ќе може да го купат по цена од околу 350 долари кон средината на јуни.
Текстот е објавен во соработка со Telefoni.com.mk