Промоција на првиот долгометражен аматерски филм на Филмолфилска продукција

Насловен е Comedia dell Arte и е првиот долгометражен аматерски филм на Филмолфилска продукција, која зад себе има три краткометражни филмови – „Сенките на сонот“, „Иумидрум“ и “Фи“.

Промоцијата ќе се одржи денес (21 мај) во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот.

Во центарот на приказната е Сокуров – ексцентричен режисер кој сака да создаде филмско ремек дело, но наидува нa тешка соработка со својот тим. А ќе вмеша прсти и Кармата…

Од продукцијата филмот го опишуваат како комедија со елементи на фантастика – кои претставуваат своевиден трејдмарк на нивното творештво.

Comedia dell Arte е во режија и сценарио на Владимир Најдовски, а улогите ги толкуваат Златко Поповски, Бојана Тосковска, Игор Јованов, Ива Парлапанов, Моника Спасева и Никола Виларов.

- Реклама -