Денес (среда, 3 јули) ќе се одржи промоција на монографијата “Галичник засекогаш” во Музејот на македонската борба за државност и самостојност со почеток во 20:00 часот.
Новинарот Киро Кипроски е автор на делото “Галичник засекогаш”, а на присутните ќе им се обрати покрај авторот и Митре Ажиески (Прецедател на месната заедница Галичник), архитектот Коста Граоркоски и академикот Радован Павловски.
Покрај промоцијата на монографијата, ќе се престават и зетот и невестата за 40-тото јубилејно издание на културолошко-туристичка манифестација “Галичка свадба”.