Во сабота на 3 август во 11:00 часот во Хотел Горан Пандев ќе се одржи промоција на книгата Филмска објектологија од Васил Михаил.
Авторот преку практични и теоретски инструменти аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува Филмска објектологија. Сценариото за краток игран филм „Кујна“ е основната појдовна точка од која се развива теорија за објектот во филмски кадар.
Промотори на книгата: доц. м-р Саша Станишиќ и Далибор Плечиќ