Денес во 11 часот, во хотел „Горан Пандев“ во Струмица, во склоп на 19 тото издание на „Астерфест“ ќе биде промовирана книгата „Филмска објектологија“ на авторот Васил Михаил.
Промотори ќе бидат Саша Станишиќ и Далибор Плечиќ.
Авторот на книгата, преку практични и теоретски инструменти, аргументира и предлага воведување на нова подгранка на филмологијата која ќе се нарекува Филмска објектологија, а сценариото за краток игран филм „Кујна“ е основната појдовна точка од која се развива теоријата за објектот во филмски кадар.
Деветнаесеттото издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, кој годинава е во знакот на авторскиот филм, започна на 1 август во Струмица, со проекција на канскиот лауреат „Човекот кој не можеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ.