Времето денеска (понеделник) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Утре (вторник) рано наутро понекаде ќе има појава на слаб дожд, а на планините од слаб снег. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди.
До четврток ќе владее променливо облачно и постудено време, со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини, особено во ноќта кон вторник, ќе има услови за појава на повремен снег.
Во петок се очекува разведрување, и покачување на дневната температурата за неколку степени.