На места, во западните и источните делови од земјава ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и грмежи
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд – вакво време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. На места, во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и грмежи.
Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, a максималните ќе достигнат од 20 до 31 степен.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината, според најавата на УХМР, ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите во Скопскиот Регион ќе се движат од минимални 12 до максимални 29 степени.
За утре, УХМР најавува променливо облачно време со повремен локален дожд во западните и северните делови.