Убавината е во окото на поединецот: но тие очи ги гледаат работите сосема поинакви – во зависност од тоа каде се наоѓаат, во времето и просторот.
Екипата на Buzzfeed ја илустрира оваа идеја, со тоа што создава видео во кое моделите, современи жени со различни облини, ни покажуваат како концептот за совршеното женско тело се менувал низ вековите.
Сите ние најверојатно имаме некоја идеја како се облекувале жените од различни историски периоди, но тоа каков тип на тело било сметано за најубаво низ вековите можеби не е толку познато.
Еднаквите бели трикоа, во кои се облечени сите модели во видеото, ја покажуваат оваа разлика.
Сето ова само илустрира дека нема вистински начин на кој жените или мажите треба да изгледаат. Затоа, заборавете на стандардите и уживајте во животот.