Промена на социјален статус со еден ген (видео)

глувциДва глувци се сретнуваат во тесна пластична цевка и нема доволно простор за да се разминат.Еден од нив мора да се тргне. Во нивната прва средба, првиот глушец ја прикажал својата доминација присилувајќи го ривалот да се врати назад. Но во вториот експеримент работите се многу различни; вториот глушец доминира и првиот се враќа назад.

Хиеархијата кај глувците не се менува олку брзо, но вториот глушец добил помош од Феи Ванг од Кинеската Академија за Наука. Со вбризгување на само еден ген во еден дел од мозокот на глушецот, Ванг го претворил животното во доминантна единка. Генот кој ја подобрил социјалната подвижност на глушецот е GluR4. Тој создава дел од протеин наречен АМРА рецептор, кој им овозможува на сигналите да се движат побрзо помеѓу два неврони.

Ефектот е како градење на автопат помеѓу два градови за само една ноќ овозможувајќи поголем и побрз сообраќај помеѓу нив. Ванг го вбризгува дополнителниот GluR4 во дел од мозокот на глодарите наречен медијален префронтален кортекс (mPFC), кој е поврзан со социјалниот ранк. Уште во 1986 година, научниците покажале дека стаорците го губат својот социјален статус ако претрпат повреда на нивниот mPFC. Ванг лично открил дека невроните во mPFC испраќаат сигнали побрзо во мозоците на доминантни глувци.

{youtube}SIXAe2z8g1M{/youtube}
Преку манипулација на овие сигнали, тој можел да ги поместува глувците нагоре и надолу по социјалната скала. Со екстра доза GluR4, глувците добиле подобар социјален статус. Кога се соочиле со други глувци во тесен простор тие имале поголеми шанси да ги натераат своите ривали да се повлечат, дури и ако претходно тие се повлекле. Со нивниот нов ранк тие исто така имале поголеми шанси да им се додворуваат на женките користејќи со ултрасонични звуци.

Од спротивната стра, Ванг успеал да им го намали ранкот на глодарите со вбризгување на мал фрагмент од GluR4 (GluR4Ct). Сам по себе, овој фрагмент ги уништува AMPA рецепторите и ги ослабува комуникациските линии помеѓу невроните на mPFC. Овој пат, глувците со нов статус имале поголеми шанси од порано да попуштат и помали шанси да им пејат на женките. [One gene turns low-ranking mice into alpha-rodents]

- Реклама -