Пролетно ретро преуредување на домот

Март е вистинско време да го промените изгледот на просториите во кои престојувате и на тој начин да заборавите на студените денови кои ќе му отстапат место на топлото сонце, цвеќињата и зеленилото.
Доколку сакате да внесете ретро елементи во декорирањето на ентериерот максимален ефект ќе постигнете со неколку парчиња старински мебел и соодветно одбрани детали.

Еве неколку совети за пролетно преуредување на домот со помош на ретро мотиви!

Цвеќето во ентериерот во далечните времиња бил задолжителен атрибут за декорација. Денес цветните композиции се препорачливи под услов да се едноставни и во првобитната природна форма.

big_photo3326

Огледалата во старински рамки е едноставен и идеален начин да доловите ретро амбиент во дневната, спалната или во холот на домот. Поставете го над комода или камин на кои ќе поставите блиски по стилот детали – свеќници, вазни или статуетки.

ogledalo

Дури и на современиот мебел можете да додадете ретро изглед. Сѐ што треба е да ги смените рачките или да ги обоите во нијансите на белата или кафената боја.  Пролетното расположение најдобро ќе го доловите со текстилни елементи со цветен дезен кој ќе соодветствува со букетите свежо цвеќе.

lampa
Светилниците треба да бидат масивни. Можете да се одлучите за голема метална ламба или голем светилник со многу кристали.

main_image_48544 main_image_48545 main_image_48546

- Реклама -