Вазните во ентериерот освен за чување на свежото цвеќе може да претставуваат и одличен начин на декорација. Тие може да го претворат вашиот дом во удобно место за живеење со стил.
Белите вазни секогаш привлекуваат внимание, додека пак доколу сакате да ја акцентирате убавината на букетот изберете вазни од проѕирно стакло.
Класичниот стил дополнете го со кристални и керамички вазни во боја, а за минималистичкиот стил одберете еднобојни или проѕирни вазни. Пластичните и металните вазни се одличи за ретро ентериерите.
Погледнете го изборот на оригинални вазни во ентериерот!