Пролетни фестивали ширум светот

Речиси сме на прагот на месецот на пролетта. Токму во негова чест ширум светот се одржуваат фестивали посветени на храната и виното, цвеќињата, маските, пролетните бои…

Еве неколку интересни идеи за вашето пролетно патување. Оригиналноста на овие манифестации е неоспорна!

Карневал во Ница (15 февруари – 6 март)

karnevalot-vo-nica_89490

Според гламурозната глетка и посетеноста, овој карневал се вбројува во најдобрите светски карневали. Се добива впечаток дека Французите од Ривиерата како домаќини од година во година се стремат да направат гигантски кукли – маски со цел да бидат видени дури од Рим. На 2 март сите учесници на карневалот прават круг наречен круг на почитта.

nica

Највпечатлив е денот на затворањето, 6 март, кога се пушта огномет, се танцуваат традиционалните танци и маскираните жени и мажи фрлаат големи количини на цвеќиња врз присутните набљудувачи.

Фестивал на храната и виното во Мелбурн (1 – 17 март)

Мелбурнскиот гастрономски фестивал е омилен настан не само за гурманите ширум светот туку и за најпознатите готвачи кои пристигнуваат за да го покажат талентот и да ги разменат искуствата со останатите готвачи.

melbourne-food-and-wine-festival-1-381

Цели две недели животот на граѓаните во Мелбурн е сведен на вкусната арома, дегустациите, експериментите со храната и виното, пазарите, часовите по готвење, украсените трпези, наградите… Освен со вишок килограми, од фестивалот ќе се вратите со многу нови готварски искуства и идеи за нови кулинарни подвизи.

IF

Фестивал на боите во Индија (27 – 29 март)

Најшарените забави се случуваат во Њу Делхи и Варанаси, а се сведуваат на прскање со природни прашоци во јаки бои како симбол на доаѓањето на пролетта. Индијците обземени од среќа се прскаат со бои по целото тело додека се изложени на љубопитното око на многубројните туристи.

india

За разлика од сличните фестивали со полевање со бои, тука станува збор за природни бои кои го јакнат имунитетот во пресрет на новата сезона.

Цветањето на вишните (25 март – 10 април)

Кон крајот на март Јапонците живеејќи во хармонија со природата излегуваат да се насладуваат со убавината на цветањето на дивите вишни. Празникот познат како Ханами започнува да се прославува во јужните делови на Јапонија од каде се движи кон север.

cherry blossoms and Japanese castle

Доколку зимата била студена, празникот во Токио пристигнува дури во април, а точниот датум на прославување се објавува на почетокот на март. Главна локација на празнување е токискиот парк во кој растат околу 1 500 најразлични видови на диви вишни.

- Реклама -