Проја со јогурт

Доколку сакате едноставен, брз и вкусен појадок пројата ќе ви го направи меракот.

Состојки за четворица

1 јајце
0.5 l јогурт
500 g пченкарно брашно
1 кесичка прашок за пециво
100 g брашно
малку сол
малку масло

Подготовка

Пред да почнете со подготовка на пројата, вклучете ја рерната на 220 степени.

Во сад ставете од пченкарното брашно.

Додадете брашно

Искршете едно или две јајца и додадете ги во тестото.

Додадете прашок за пециво и посолете.

 

Постепено додавајте јогурт и мешајте додека не добиете хомогена смеса.

 

Прочитај повеќе: Модерна проја

 

Печење

Намачкајте ја тепсијата со сончогледово масло.

Рамномерно распоредете ја смесата по целата тепсија. Печете од 5 до 10 минути.

 

За да бидете сигурни дека е доволно печена, боцнете со чечкалица или вилушка, па доколку не се лепи за чечкалицата печена е, а доколку се лепи вратете ја во рерната.

Откако ќе биде испечена, оставете ја кратко да се олади, па исечете ја на коцки.

Послужување

Послужете  ја со фета сирење или шунка.

Наздравје!

Прочитај повеќе: Проја со спанаќ

- Реклама -