Производството на електрична енергија од нуклеарните централи ќе ги собори сите рекорди во 2025 година, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во најновата прогноза за трендовите на пазарот на електрична енергија.
Во прогнозата се нагласува дека многу земји се повеќе се потпираат на нуклеарната енергија за да ја обезбедат својата енергетска безбедност и во исто време да ги намалат емисиите на штетни гасови, се наведува на веб-страницата на Меѓународната агенција за енергија.
Според податоците, производството на електрична енергија од обновливи извори ќе го замени јагленот како извор на енергија на почетокот на следната година.