Прогрес или хорор? Направа што ви го контролира расположението

Thync e нова носечка направа што користи електроенцефалографија (ЕЕГ) за да ја измери електричната активност на мозокот, а потоа и да ја модифицира невронската активност. Со еден збор, може да ви го смени расположението.

Се што треба е да ја прикачите на челото и инстанто ќе ви ја подобри (?) „состојбата на умот“.

Thync device

Кореспондирачката ајфон апликација ќе ви овозможи да си изберете какво расположение сакате да искусите, па дури и да го подесите интензитетот. Среќни, релаксирани, фокусирани, освежени, сето ова е на менито. А најдобриот дел, сето ова ќе можете да го постигнете без дрога, лекови, алкохол, енергетски пијалоци или сл.

Направата работи на невро-сигнализација – процес во кој се испраќаат ултразвучни бранови преку кои се комуницира со невронските конекции во мозокот. Направата праќа електрични сигнали/ултразвучни бранови до одредени области во мозокот, одговорни за нивото на енергија, концентрација или релаксација. Ефектот на Thync е инстантен, а може да трае и до неколку часа, зависно од интензитетот на стимулацијата.

1433332589_thync-002[1]

Компанијата што ја разви направата е финансирана од експерти од невро-науката и инженерството од универзитетите Стенфорд, МИТ и Харвард. Потрошени се 15 милиони долари на истражување и развој, со единствена цел да се создаде направа која ќе „продре“ во мозокот и ќе ја промени неговата работа. Направата официјално беше лансирана минатиот вторник, а доби воглавно позитивни оценки. Како што вели косопственикот на компанијата, Thync бил тестиран на 3700 луѓе, и во лабораториски услови, но и во секојдневниот живот.

Дали импликациите од постоењето на вакво парче технологија се позитивни или негативни, оценете самите.

- Реклама -