Најпатриотски чин на секој Македонец од дијаспората е да го помине летниот одмор оваа година во Македонија, вели Гоце Андревски – професор на Универзитетот во Кингстон, Канада.
Летувајќи во Македонија, смета тој, иселениците можат да ѝ помогнат на татковината во ублажувањето на економските последици од корона-кризата:
„Со веројатното активирање на авионскиот сообраќај, најпатриотски чин на секој Македонец од дијаспората е да го помине летниот одмор оваа година во Македонија (секако доколку е во можност). Поддршката на дијаспората во оваа криза е од круцијално значење за Македонија.
Девизниот прилив од нашите иселеници директно 1) ќе го намали дефицитот на платниот биланс и со тоа ќе го олабави притисокот врз курсот на денарот, и 2) ќе им помогне на компаниите полесно да ја пребродат кризата.
Летувајте во Македонија, помогнете и на својата земја“, пишува Андревски.