Проф. Тодороска: Не може историјата да се спојува со предмет што го измислија за вработувања и условување за гласови

Проф. д-р Катерина Тодороска – доктор по историски науки во Институт за национална историја при УКИМ, не го одобрува новиот концепт презентиран од Министерството за образование и наука, бидејќи, според неа, со истиот се прави спојување на предмети што немаат ист статус. Имено, како што истакнува таа, историјата е дел од хуманистичките науки, за разлика од останатите наставни предмети со кои, според презентираното, ќе биде споена (а тоа се географија и граѓанско образование).

„Историјата е учителка на животот не затоа што е вчерашен предмет во училиштата, туку е вековна егзистенцијална потреба на секоја држава. За разлика од историјата, граѓанско општество е предмет кој го ‘измислија’ по теркот на народната ‘според човекот и ќотекот’. Имено, во еден момент во Македонија имаше толку многу завршени студенти по социологија, па за да им најдат место и да ги условуваат со работа за идни гласови, го измислија тој предмет. Нормално, тоа беше една турлитава во која најдобро се снаоѓаа историчарите, бидејќи имаат најшироки познавања од општата историја, а темите во новоосмислениот предмет никако не можеа да ги одвојат од историјата бидејќи од неа ги беа извадиле, па додале нешто семејство, па нешто држава и од сѐ по нешто“, вели Тодороска во изјава за „Фокус“. Остатокот од нејзините ставови прочитајте ги ТУКА.

- Реклама -